По веста од страна на светските медиуми за појава на диоксин во прехранбени производи кој може да биде фатален по здравјето на луѓето, групацијата Жито Вардар, како најголем производител во прехранбената индустрија во земјата, смирува и се оградува од можноста за појава на вакви соединенија во храната која ја произведува. Од Жито Вардар ги повикуваат граѓаните да консумираат производи од домашно производство, бидејќи се целосно контролирани од надлежните државни институции. Во Жито Вардар се врши континуирана строга контрола на квалитетот на храната, во текот на целокупниот процес на производство, и со тоа можеме да гарантираме дека за нашите сограѓани на пазарот пласираме исклучиво здрави производи со проверен квалитет. Фактот што целиот производствен процес на јајца и месо се одвива во сопствени капацитети, ни овозможува гаранција за квалитетот.
По веста од страна на светските медиуми за појава на диоксин во прехранбени производи кој може да биде фатален по здравјето на луѓето, групацијата Жито Вардар, како најголем производител во прехранбената индустрија во земјата, смирува и се оградува од можноста за појава на вакви соединенија во храната која ја произведува.
Од Жито Вардар ги повикуваат граѓаните да консумираат производи од домашно производство, бидејќи се целосно контролирани од надлежните државни институции.
- Во Жито Вардар се врши континуирана строга контрола на квалитетот на храната, во текот на целокупниот процес на производство, и со тоа можеме да гарантираме дека за нашите сограѓани на пазарот пласираме исклучиво здрави производи со проверен квалитет. Фактот што целиот производствен процес на јајца и месо се одвива во сопствени капацитети, ни овозможува гаранција за квалитетот - велат од Жито Вардар.
Оттаму истакнуваат дека целиот процес на производство на јајца е под постојана контрола на високо професионални стручни лица одгледувачи на живина и одлично организирана ветеринарна заштита.
Дистрибуцијата се одвива со специјални возила, со што се гарантира свежината и квалитетот на јајцето.
- Целокупниот процес на производство на свежо месо и сувомесни производи исто така се одвива кај нас, од производството на сточна храна, па се до крајниот производ. На тој начин секој наш купувач секогаш може да добие информација од која фарма доаѓа тоа месо, како е хрането, каде е обработено, како е ладено и дистрибуирано, а здравствената исправност на месото е континуирано контролирана од Ветеринарната инспекција истакнуваат од Жито Вардар" и упатуваат совет до граѓаните да одбираат бележани јајца, со проверен квалитет, од домашно производство, и да избегнуваат увозни јајца.
Инаку, вчера енормно високо ниво на диоксин е откриено во свинско месо во северниот дел на Германија по скандалот со заразените јајца.
- Со анализа на месото е утврдено високо ниво на диоксин во една од фармите затворени кон крајот на минатата недела како превентивна мерка поради откриената сточна храна заразена со диоксин. Месото не е пуштено во трговската мрежа. Животните ќе треба да бидат заклани, а потоа изгорени - изјави портпарол на Министерството за потрошувачка во Долна Саксонија, кој не го откри нивото на диоксин пронајдено во месото, ниту во колкав степен е надмината неговата граница.